fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ТВ21 во Долнени, тутунарите револтирани испратија порака до Владата

Претставникот на тутунарите, Мирсад Колашинац, вели дека се соочуваат со бројни проблеми, а еден од нив е и тоа што на производителите им го враќаат назад тутунот со послаба класификација.

Четири месеци труд, за нивниот тутун да стигне до откупните пунктови. Стануваат среде ноќ и работат сите во семејството без одмор, надевајќи се на добра заработка.

Дојде време за продажба. Жителите на општина Долнени стојат пред продажните пунктови, но се револтирани и незадоволни од цената на тутунот. Сметаат дека нивниот труд не може да се плати со оваа цена додавајќи дека годинава цената на тутунот е најниска. Настојуваат Владата да изнајде решение, потсетувајќи ја дека се наближуваат локалните и парламентарните избори.

Претставникот на тутунарите, Мирсад Колашинац, вели дека се соочуваат со бројни проблеми, а еден од нив е и тоа што на производителите им го враќаат назад тутунот со послаба класификација.

Жителите велат дека не е реализирано ниту едно од ветувањата на министерот кои ги дал на средбата со тутунарите. Тие по средбата го ставиле својот потпис на ова парче хартија каде се напишани точките со кои се согласиле, но иако писмото било изготвено од Министерството, сепак немало ниту печат, а ниту пак лого на ресорното министерство или Владата.

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, пред неколку дена изјави дека има видливо подобрување во процесот на откупување на тутунот.https://mk.tv21.tv/tv21-vo-dolneni-tutunarite-revoltirani-ispratija-poraka-do-vladata-doagaat-lokalni-izbori/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close