Пад на температурите, услови за дожд и снег
Утринските температури се во интервалот од минус 6 до 3 степени, а максималните дневни ќе се движат меѓу 5 и 10 Целзиусови степени.
Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд, а на планините на западот од земјата и врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури се во интервалот од минус 6 до 3 степени, а максималните дневни ќе се движат меѓу 5 и 10 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималнате температура околу 5 степени.
Во попладневните часови во текот првиот ден седмицава прво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места.
Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.