fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Облачно и врнежливо со температура до 22 степени

И утре, според прогнозите на УХМР, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни.

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, а попладне се очекува врнежите да престанат и да биде променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурите наутро ќе бидат од 6 до 16 Целзиусови степени, а во попладневните часови од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, во утринските часови ќе биде со врнежи од дожд, а преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 12 степени, а во текот на денот 17 Целзиусови степени.

И утре, според прогнозите на УХМР, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје утре ќе биде облачно со врнежи од дожд и со слаб ветер од променлив правец. Утре температурата во текот на денот ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close