Агро бизнисБез категоријаВести
Пандура Велкова преку ИПАРД набави 2 трактори и приклучна механизација
Заедно со сопругот покрај житни култури произведуваат и тутун. Задоволни од цената на тутунот која достигна до 365 денари, планираат да го зголемат производството на тутун.
Жените земјоделки се на врвот на нашите политики. Тоа многу пати сме го докажале, а ваквите успешни жени како денешната наша домакинка Пандура Велкова, се и доказ за успешноста на сите мерки што ги превземаме, објави министерот Љупчо Николовски
Корисничка на ИПАРД средства Пандура има набавено 2 трактори и приклучна механизација.
Заедно со сопругот покрај житни култури произведуваат и тутун. Задоволни од цената на тутунот која достигна до 365 денари, планираат да го зголемат производството на тутун.
Сите земјоделци од оваа година добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Со ваквото зголемување производителите на житни култури добиваат 3.200 денари по хектар поддршка за зелена нафта. Дополнително зелена нафта од 12.000 денари по хектар за прв пат добиваат и тутунарите, што дополнително ја мотивираше Пандура.
Посебно ме радуваат ваквите приказни, кога знам дека земјоделците ја следат нашата работа, ги следат мерките кои ги нудиме и максимално ги користат за да го модернизираат и подобрат своето производство.