fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Паниката продолжува-За два три часа се трошат сите пакети масло за јадење во маркетите

Трговците сведочат дека се купува повеќе и од ругите основни продукти, па и тоалетна хартија и некои основни хигиенски продукти, но сепак најмногу масло за јадење, брашно и тестенини. 

Утрото се вадат на полици до пладне ги нема. Некои од основните продукти особено маслото за јадење и брашното, тестенините и конзервите ги снемува и во поголемите маркети, а во помалите кои се поретки во дел од урбаните и руралните средини речиси секој ден за само неколку часа се троши целаа набавена количина. Недостигот на масло за јадење и брашно веќе е секојдневе во помалите градови, но деновиве нив навечер ги нема во дел од маркетите и во Скопје. Фактор не успеа да најде масло за јадење во неколку маркети во една скопска населба синоќа во 29 часот. Од маркетите изјавија дека секако им стасуваат помали количини, но и дека маслото за јадење се троши за два три часа.

„Купувачите земаат по цели пакети и количините ги трошиме брзо. Не е дека имаме залихи кои ги криеме туку воопшто немаме. Ако сакате да купите дојдете утре од сабајле, ни рекоа.

Трговците сведочат дека се купува повеќе и од ругите основни продукти, па и тоалетна хартија и некои основни хигиенски продукти, но сепак најмногу масло за јадење, брашно и тестенини.

На терен се и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Од институцијата велат дека утврдуваат дека трговците не чуваат залихи туку поради побарувачката трошат се што ќе донесат. Моментно прават и врзани контроли, односно прво контролираат производители на еден производ, а веднаш потоа и како тој се продава во малопродажба. Во моментов се контролираат производители на јајца.https://faktor.mk/ne-stishuva-panikata-dojdete-nautro—za-dva-tri-chasa-se-troshat-site-paketi-maslo-za-jadenje-vo-marketite

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close