fbpx
Вести

Пари за рурален развој, поддршка за стари, не за нови проекти

pari

Преку владината Програма за рурален развој годинава ќе се финансираат стари проекти затоа што нема пари за нови. За таа цел се обезбедени 34 милиони евра, но градоначалниците не се задоволни ниту од висината на парите, ниту од начинот како се планира да се потрошат.

Министерот за земјоделство, Љупо Николовски, денеска на градоначалниците им ги презентираше мерките од Програмата и кажа дека Владата допрва ќе работи на обезбедување на пари за нови проекти. Парите кои сега се на располагање ќе се исплатат за проекти кои се реализирале претходните години.

„Сме во разговори со премиерот за да дефинираме што е она што во вкупен износ може да го поддржиме како проект. Со оглед на тоа што во изминатиот период се склучени договори за коишто не се обезбедени соодветни средства односно е надминат лимитот од годишните програми“, рече Николовски.

Руралните општини бараат да престанат да плаќаат ДДВ за проектите кои имаат поддршка од Програмата за руралниот развој, како и да се забрза постапката за пренамена на земјоделско земјиште во градежно.

Преку Програмата за рурален развој предвидени се инвестиции во патната инфрастуктура, водоснабдителни и канализациони системи, модернизација на постојните пазари за жив добиток, изградба на домови за деца и млади.


 

алсат

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close