fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Забранет увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Mерката е донесена по потврдена појава на ново жариште на болеста во областа Дебар, село Кастриот во Албанија, на фарма со 200 кози. Ова е втор пријавен случај во државата, по претходниот во областа Скадар.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил, поради појава на птичји грип, потврди денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов.

„Решението е веќе во сила и претставува мерка на претпазливост со цел да се спречи ризикот од внесување на болеста во земјава“, изјави Миланов.

Освен оваа забрана, АХВ пред пет дена донесе и решение за забрана за увоз и транзит на повеќе производи од Албанија, поради појава на чума кај малите преживари (PPR).

Забраната се однесува на:

  • живи домашни и диви мали преживари (како кози и овци)
  • семе, јајце-клетки и ембриони
  • месо, млеко, преработки и нуспроизводи од овие животни

Како што соопшти Миланов, мерката е донесена по потврдена појава на ново жариште на болеста во областа Дебар, село Кастриот во Албанија, на фарма со 200 кози. Ова е втор пријавен случај во државата, по претходниот во областа Скадар.

Целта на забраните е превенција и заштита на домашниот добиток, но и безбедноста на храната што стигнува до граѓаните. Миланов додаде дека АХВ продолжува со зголемени контроли на граничните премини и инспекциски надзори на увезените производи од животинско потекло.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close