fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Пазарџиите од Делчевско бараат отворање на границата со Бугарија

Пазарџиите од Делчево и околните места уште еднаш побараа отворање на границите со Бугарија за подобрување на продажбата. Повеќето велат дека изминатите 5 – 6 месеци колку што се затворени границите поради КОВИД, продажбата е преполовена.

-Веќе 6 месеци гинема гостите од Бугарија, тоа се чувствува секако на продажбата, бидејќи кога доаѓаа, купуваа од се по нешто, вели продавачка на пластичарски производи.

Половина од пазарот тие го правеа, ама не ги пуштаат и така остана. Не е никој виновен за тоа, но засега се чувствува, дополнува продавач на пазарот од Јакимово.

Меѓу најпогодените се продавачите на ориз, грав и други земјоделски и раноградинарски производи.

-Се што имаше на тезгата гостите од Бугарија купуваа: грав, ориз, праз, пченка.Купуваат и нашите, но помалку, вели една од продавачките на градинарски производи.

Друга додава дека сега е сезона на компир, боранија, пипер. производите се продаваат, но не е исто.

Има и пазарџии со поинаков став – кои не ги сакаат бугарските гости. Но, поголемиот дел се за отворање на границата за, како што велат, градскиот пазар во Делчево да биде повторни полн со купувачи од соседството.

-Наша препорака е да се отворат границите што поскоро, бидејќи пазарот многу зависи од нив, нема продажба, пиперот останува, не само пиперот, грав компири и се друго што произведуваме, децидни се пазарџиите.

Делчево кое се наоѓа на само 10 километри од границата со Република Бугарија во голема мера е зависно од присуството на соседите. Тие не само што беа редовни муштерии на градскиот пазар, туку беа и чести гости во делчевските локали. Единственото прашање кое во моментот се наметнува од страна на експертите е колку по евентуалното брзо завршување на корона-пандемијата тие ќе бидат финансиски моќни повторно да бидат главни двигатели на сопствената, а потоа и на локалната економија.

Извор:МИА

 

Слични написи

Back to top button
Close