fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пазарите се преплавени со лажен мед

Државата дава поддршка од 10 евра по пчелно семејство, но според пчеларите потребно е зголемување, воведување субвенциии  во опрема за мотивација  на нови  пчелари, како и намалување на минималниот праг за аплицирање во ИПАРД програмите.

Климатските промени ги преполовуваат годишните приноси на мед. Пчеларите од охридскиот регион велат има пчеларници кои годинава имаат дури и 100 процентна загуба па се откажуваат од производство, објави телевизија 24 .

Државата дава поддршка од 10 евра по пчелно семејство, но според пчеларите потребно е зголемување, воведување субвенциии  во опрема за мотивација  на нови  пчелари, како и намалување на минималниот праг за аплицирање во ИПАРД програмите.

Дополнителен проблем им прави продажбата на лажниот фалсификуван мед,  кој ги преплави пазарите низ целата држава. Поголемиот дел е неприроден, најчесто гликозен сируп, со сомнителен состав, кој е тешко да се препознае со голо око па граѓаните наместо мед конзумираат шеќер.

Од здруженијата бараат државата да ги засили контролите и да се казнуваат сите кои за брз профит манипулираат со купувачите.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close