Една од специфичностите на земјоделството е што производителите се конзументи на своето примaрно производство или гo преработуваат. Затоа дел од производството не се појавува на пазарот, а дел стасува на пазарот како преработено,што има влијание на пазарноста. Под пазарност подразбираме дел од производството на примарните земјоделски производи што се откупува и се регистрира од официјалната статистика, а се утврдува со пресметка на процентуално учество на откупените количини во вкупното производство на соодветниот производ. За таа цел е потребно располагање со официјални податоци на произведените количини на примарните производи и со количините откупени производи, исто така од официјалната статистика.
Истражувањето и пратењето на движењето на пазарноста за подолг период може да овозможи донесување на државни мерки и активности за зголемување на пазарноста во колку тоа е ниска како во случајот на Македонија, каде пазарното производство се очекува од многу голем број ситни земјоделски производители кои своето производство пред се го наменуваат за натурална потрошувачка на семејството. Затоа ништо не е чудно што ние немаме доволно производство за извоз и за прехрамбената индустрија, па имаме голем дебаланс помеѓу извозот и увозот на храна кој изнесува 44,2 % (извоз 384.568 милиони долари, увоз 688.724 милиони долари 2016 година)
За анализите на движењето на пазарноста избравме седумнаесет производи кои се од најголемо значење на македонското земјоделство и поради исхраната на населението и поради потребите на извозот, но и поради што го карактеризираат асортиманот на производството. Анализата се однесува на последните 7 години (2010-2016) од официјалните податоци во статистичките годишници на РМ.
Таб.1 Движење на обемот на производството и откупот на поважни производи
Производ | Показател | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
Пченица во 000 тони | Производ. Откуп | 243
94 |
256
112 |
215
87 |
259
100 |
288
147 |
201
110 |
306
88 |
Пченка во 000 тони | Производ . Откуп | 129
6 |
126
3 |
116
5 |
131
3 |
137
3 |
134
6 |
149
6 |
Сончоглед во тони | Производ. Откуп | 7592
5458 |
8497
3753 |
4765
5460 |
3832
2700 |
9268
8064 |
8499
6729 |
6266
2359 |
Компир во тони | Производ Откуп | 200.000
53 |
193.00
153 |
165.000
121 |
190.000
295 |
199.000
879 |
189.000
105 |
197.000
90 |
Домати во 000 тони | Производ Откуп | 168
11 |
166
18 |
146
15 |
131
20 |
161
16 |
173
18 |
162
20 |
Пиперки во 000 тони | Производ Откуп | 168
3 |
154
10 |
166
8 |
152
10 |
176
7 |
189
16 |
182
25 |
Бостан во 000 тони | Производ Откуп | 135
3 |
127
5 |
128
4 |
127
10 |
137
3 |
131
5 |
140
7 |
Зелка во 000 тони | Производ Откуп | 107
1 |
107
2 |
94
2 |
120
6 |
115
8 |
145
5 |
140
9 |
Луцерка во 000 тони | Производ. Откуп | 124
2 |
129
1 |
116
1 |
113
1 |
131
1 |
111
1 |
112
1 |
Јаболки во тони | Производ. Откуп | 121.000
2082 |
125.000
1170 |
127,000
1427 |
113.000
2063 |
96.000
622 |
137.000
394 |
101.000
1274 |
Вишни во тони | Производ. Откуп | 5207
870 |
6519
578 |
8139
556 |
8867
565 |
8024
668 |
8448
1690 |
8074
4101 |
Сливи во тони | Производ. Откуп | 38431
176 |
35448
302 |
35444
475 |
38902
494 |
33181
232 |
41477
1284 |
33684
1158 |
Праски во тони | Производ. Откуп | 10213
104 |
9039
531 |
8987
1331 |
11034
2280 |
11558
2076 |
12006
1166 |
12108
1621 |
Грозје во 000 тони | Производ. Откуп | 253
40 |
235
45 |
240
37 |
292
67 |
196
68 |
325
96 |
333
78 |
Кравјо млеко во милион литри | Производ. Откуп | 347
84 |
376
106 |
350
106 |
381
114 |
387
136 |
361
137 |
403
148 |
Месо вкупно во 000 тони | Производ. Откуп | 23
10 |
22
6 |
23
11 |
21
9 |
22
7 |
21
8 |
22
8 |
Јајца во милиони броја | Производ. Откуп | 336
101 |
296
73 |
237
68 |
216
84 |
248
75 |
203
81 |
178
117 |
За потребите на оваа анализа прикажани се движењата на вкупната продукција на производствата опфатени со анализата (таб.1) што дава можност да се оцени движењето на вкупното производство. Податоците укажуваат на релативно нестабилен обем на производството особено кај сончогледот, градинарските култури, кај кои има релативно зголемување на вкупната продукција, како и кај овошките и грозјето. Релативно стабилна е продукцијата кај добиточните производи, но со намалување на бројот на јајцата. Земјоделството и денес зависи од метеоролошките услови,меѓутоа големите осцилации на приносите и вкупното производство ја покажуваат немоќта на производителите да ги ублажуваат природните влијанија на поради ниско ниво на технологија, техника и знаења.
Обемот на откупеното производсто зависи не само од обемот на производството туку и од обемот на побарувачката на производите на пазарот.
Очекувано беше, дека процентот на учество на откупните количини (таб.2) во вкупната продукција ќе биде ниска поради најголем обем на производството од релативно ситни семејни стопанства чија примарна цел е задоволување на сопствените потреби. Најголем процент на откупени количини на производите е кај индустриските култури ( кај нас се од значење само сончогледот и тутунот) имено кај сончогледот учеството е доста променливо па се движи од 37,6 до 94,5%, додека кај тутунот е над 95% поради што го изоставувале од споредба, како општо позната состојба. Кај пченицата учеството е релативно високо. Како што се гледа (таб.2) производителите обезбедувале за сопствени потреби околу 50% од своето производство, а околу 50% за пазар. За разлика од пченицата, кај пченката за пазар произведувале под 5% од нивното произвоство. Ниско учество на отуп имаат градинарските култури и овошјето, освен праските, кои најчесто вишоците ги продаваат на зелените пазари, како и преработки во домашни услови.
Грозјето учествува во откупот со над 20%, а во последните години расте до над 30%.Кај Кравјо млеко на пазарот земјоделците обезбедуваат околу 30% од своето производство.
Производ | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
Пченица | 38,7 | 43,8 | 40,5 | 38,6 | 51,0 | 57,7 | 28,7 |
Пченка | 4,6 | 2,4 | 4,3 | 1,0 | 2,2 | 4,5 | 4,0 |
Сончоглед | 71,9 | 40,6 | 94,5 | 70,5 | 87,0 | 78,2 | 37,6 |
Компир | 0,02 | 0,08 | 0,07 | 0,8 | 0,4 | 0,05 | 0,04 |
Домати | 6,5 | 10,8 | 10,3 | 15,3 | 9,9 | 10,4 | 12,3 |
Пиперки | 1,8 | 6,4 | 4,8 | 6,6 | 4,0 | 8,5 | 13,7 |
Бостан | 2,8 | 3,9 | 3,1 | 7,8 | 2,2 | 3,8 | 5,0 |
Зелка | 0,9 | 1,9 | 2,1 | 5,0 | 7,0 | 3,4 | 6,4 |
Луцерка | 1,6 | 0,8 | 0,9 | 0,9 | 0,9 | 0,9 | 0,9 |
Јаболки | 1,7 | 0,9 | 1,1 | 1,8 | 0,6 | 0,3 | 1,3 |
Вишни | 16,7 | 9,3 | 6,8 | 6,4 | 8,3 | 20,0 | 50,8 |
Сливи | 0,6 | 0,9 | 1,1 | 1,3 | 0,7 | 3,1 | 3,4 |
Праски | 1,0 | 5,9 | 14,8 | 20,7 | 18,0 | 9,7 | 13,4 |
Грозје | 15,8 | 19,7 | 15,4 | 22,9 | 34,7 | 29,5 | 23,4 |
Кравјо млеко | 2,4 | 28,2 | 30,3 | 29,9 | 35,1 | 29,6 | 36,7 |
Месо | 43,4 | 27,3 | 47,8 | 42,9 | 31,8 | 38,1 | 36,4 |
Јајца | 38,1 | 24,3 | 28,6 | 38,9 | 30,2 | 39,9 | 65,7 |
Таб.2 Учество на откупните количини во обемот на производството
во проценти
Кај месото процентот на откуп е релативно висок, во некои години над 40%. Кај јајцата пазарноста е во просек над 30%, а во последните години има сериозно зголемување.
Заклучок: Македонското земјоделство претставено со најважните растителни и добиточни производства покажува ниско ниво на пазарност поради системот на ситно натурално производство. Ако се проследат аналитички последните години може да се види дека пазарноста се подобрува , но не е доволна поради што аграрната политика треба да ги изнајде формите на поддршка за зголемување на пазарноста на производството.
Проф.Д-р.Борис Анакиев