fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Почна сеидбата на оризот во Кочанско

Се планира да се насеат околу 4.000 хектари

Во кочанскиот регион почна полнењето на нивите со вода и сеидбата на оризот од овогодишната производствена реколта, за која се планира да се насеат околу 4.000 хектари.За да се запази оптималниот рок за сеидба и да се искористи зголемениот водостој, за почеток се зафаќаат проточните води од реките во регионот, а во почетокот на идниот месец да  почне искористувањето и на капацитетите на акумулациите од хидросистемот „Брегалница“.

-Во моментот вкупната количина во браната Калиманци изнесува 114 милиони метри кубни, но до почетокот на користење на нејзиниот капацитет очекуваме акумулираната вода да се зголеми. Дополнително, во браната Гратче имаме над два милиони кубни метри, така што тие количини се сосема доволни со успех да ја завршиме наводнителната сезона за оваа година. Во текот на изминатаите месеци, вработените и механизацијата во подружницата „Брегалница“ во Кочани исчистија повеќе од 200 километри земјени канали, а на десниот магистрален канал навремено е завршена санацијата на бетонските оштетувања. Очекуваме дека над 8.000 водокорисници во регионот ќе бидат задоволни од услугите и успешно ќе ја завршат производствената сезона, истакна директорот директорот на АД Водостопанство, Локман Љимани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close