fbpx
ВестиСовети

Пчеларење во дрво – враќање кон природата

Повеќе вековната традиција на одгледување пчели во природна средина, најчесто во борово дрво, која во Европа била згасната во 30 те години од дваесеттиот век, на почетокот на 21 век, почнала повторно да живее низ напорите на природните пчелари да ја засилат и обноват пчелната популација.

Историја на пчеларење во дрво

Пчеларството во дрвјата во текот на стариот и средниот век, било поврзано со европските земји и тоа најмногу за Полска и Германија. Многу сочувани алати, дури од петтиот век зборуваат за тоа дека овој начин на одгледување на пчелите бил застапен во споменатите земји. Така, монасите од Источна Европа, првиот пишан запис за пчеларење во дрво го оставиле во 900 година, а наредбата од германскиот цар Отон од 940 година, дозволувала развој на овој занает во денешната Гринвалдска шума воБерлин, додека последниот пчелар во дрво, заедно со своите пчели исчезнал во 1550 година.

Но, во Полска ситуацијата била поинаква. Таму традицијата на пчеларење во дрво сез ачувала до 1930 година, а последниот пчелар умрел во 1967, а сонего и овој стар занает воЕвропа, целосно згаснал.

Настапила модернизација на пчеларството и негово прилагодување кон индустриското производство на мед, така што кошниците во дрвото се преселиле во вдлабнати стебла кои се поставувале на платформа, потоа се спуштале на земја, за на крајот да ги замени кошница од танки ѕидови со рамки.

Со појавата на тие кошници, дошло до кулминација на модернизацијата во одгледување на пчели, а така е во ведена вештачка исхрана, најчесто во вид на шеќер, потоа антибиотици со цел лекување и хемиски производи за заштита и дезинфекција на кошниците. Таковиот третман на пчеларникот предизвикал генетска мутација, ослабувајќи го имунитетот на пчелите.

Во 2002 година, научниците Хартмут Јунгиј и Пжемислав Навроцки, во руската Република Башкирија, откриле дека пчеларењето во дрво, сеуште се негува во својата традиционална форма. Оваа област се наоѓа помеѓу реките Волга и јужен Урал, заземајќи плодна и шумска област на големата Руска Федерација. Во неа денес можат да се пронајдат околу 700 кошници во дрво од кои 30% годишно настануваат самостојно.

Поттикнати од новите откритија и желбата ширум светот, пчелната популација да се обнови и зајакне на природен начин, го усвоиле овој метод на пчеларство и според примерот на своите уралски колеги започнале на фармите, во природни средини да прават кошници водрво, користејќи издлабени стебла, кои ги поставувале на стеблата или на земја. Оваа кошница има за цел да ја имитира природната кошница и по положбата и по начинот на третирање кој и е најблизок.

Видови на природни кошници

Природната кошница во дрвото се наоѓа на 4-8 метри висина, каде има помалку влага и каде се зимите потопли. Тоа гнездо е мало, со мали отвори, дебели ѕидови покриени со прополис. Кралицата на саќето живее долго. Кошниците се добро распоредени со 1-3 кошници по километар квадратен. Во неа доаѓа до вообичаено едногодишно роење, а гнездото со легло го следи приоритетот на пчелите од 17 % трутови. Нема хемиски, ниту антибиотски третмани, нема собирање мед, ниту отворање на кошниците. Пчелите не јадат шеќер, а кошницата е широка и се состои од празни шуплини. Нема интервенции за да се предвиди губиток, а кошницата никогаш не се сели.

Кошницата на дрво, која ја негува пчелар, функционира слично, како и природна кошница, со тоа што се наоѓа на помала висина од четири метри и двојно е поголема, со волумен околу 80 литри. Таа за разлика од природната, се отвора два пати годишно. Во пролет, со цел да се изврши проверка и во септември, кога се врши и собирање на медот. Се друго, останува исто: годишно роење, просторност на кошницата, пчелите никогаш не се хранат со шеќер ниту пак се третираат со хемиски средства, а матицат аживее долго на саќе со легло, додека кошницата останува статична. За време на собирањето на медот, не доаѓа до уништување на пчелите во саќето. Исто така, не се уништува ниту природното  трутовско лежиште.

Разлика помеѓу модерно и традиционално пчеларење во дрво

Овој метод на пчеларење целосно се разликува од модерниот метод со кошници на земја, танки ѕидови и дрвени рамки, кои се мали по површина и имаат  голем отвор. Исто така, пчеларот ја заменува матицата после едногодишен или двегодишен циклус. Кошниците се доближани, се спречува роење, саќето со легла, често се отстранува за да се намали бројот на трутови, а кошницата редовно се третира со хемиски средства. Собирањето мед е почесто, а кошницата понекогаш се отвора дури и еднаш неделно. Пчелите понекогаш се хранат и со шеќер и се поставуваат рамки за лесен пренос на саќе и легла помеѓу кошниците. Во нив доаѓа до интервенции, со цел спречување на губитокот, а кошниците понекогаш се селат.

Од напуштањето на традиционалното пчеларство и неговата модернизација, дошло до генетска мутација на инсектите и нивна помала отпорност на болести, а исто така редуцирана е и плодноста на матицата, така што сега, процентот на обновување на популацијата, а со самото тоа и бројот на пчеларници, значително е намален, во однос на времето пред модернизацијата.

Пчеларењето во дрво, или враќањето кон природата и неинтервенирањето, настојува да го обнови имунитетот на пчелите, но и да ги зајакне, како би можеле да се борат против болести, а исто така и да го реши проблемот на намалена плодност на матицата.

Така, за оние кои немаат ништо против качување на дрво и повеќемесечно чекање, како би собрале мед, а притоа и надевајќи се дека матицата нема да потфрли, не е лошо да пробаат.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close