Вести од Продуктната берза за периодот од 18 – 22.02.2019

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2019)

 

Оваа недела, како и претходните, дошло до пад на цените на примарните земјоделски производи на новосадската Продуктна берза. Вкупниот промет за оваа недела изнесувал илјада двеста дваесет и пет тони (1225 тони стока), чија финансиска вредност изнесувала 24 милиони триста дваесет и три илјади седумстотини и педесет динари (24.323.750 динари). Во однос на претходниот период, количинскиот обем на прометот бил понизок за 44,32%, додека финансиската вредност на тргуваната стока била пониска за 58,94%.

Берзанските договори за пченката се склучувале во ценовен опсег од 15,60 до 15,80 дин/кг без ДДВ. Во однос на претходниот анализиран период, цената е пониска за 3,70%. Пченицата, неделава бележи отсуство од тргување на организираниот стоково – берзански пазар.Зрното соја е тргувано по цена од 38 дин/кг без ДДВ.

Во Чикаго, во однос на претходната недела, пченицата поевтинила за 6,86%, а пченката за 0,85%, додека сојата поевтинила за 0,59%, а соината сачма за 1,35%. Во Париз, пченицата поевтинила за 3,11%, а пченката за 1%.

Share Button