вестиМакедонијаТоп вести

Пчеларникот во јуни

 

Во јуни има најголем прилив на нектар па треба да се посвети посебно внимание околу работите што се врзани за максималниот прилив на мед. Исто така има и други работи кои се од посебно значење во овој месец.

Од раната паша треба да оставиме во резерва рамки кои се наполнети со поклопен мед и полен. Овие рамки ќе ги искористиме покасно на есен или во рана пролет бидејќи природниот мед и полен немаат замена во развојот на пчелното друштво.

Веќе на почетокот од овој месец има мед за цедење. Кога ќе се исцеди медот треба да се остави најмалку 48 саати за да испливаат ситните делчиња од восок. Кога ќе се отстранат сите делчиња од восок и евентуално пената ако ја има, медот го ставаме во чисти садови и добро го затвараме. Медот најдобро е да се чува на температура од 12 степени. Вака складиран медот има неограничен рок на употреба, само што после извесен период ќе кристализира, што не го намалува неговиот квалитет.

Овој месец е најпогоден и за размножување на пчелните семејства. Најдобро е пчеларот прво да произведе млади матици па потоа да пристапи кон размножување, за да не губи време новото друштво и да не заостане многу во неговиот развој.

Извор: Пчела.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close