Пчеларството може да биде сериозен бизнис
Пчеларството во Македонија може да биде сериозен бизнис, велат експертите. Потенцијал и природни услови има доволно, но производството на мед кај нас не е на посакуваното ниво. Постојат многу технички недостатоци и нема координираност со земјоделските производители.
Пчеларството економски ќе се исплати многу повеќе и може да стане сериозен бизнис доколку се отстранат техничките недостатоци во овој сектор.
Според експертите, потребен е селектран репроматеријал, матици и роеви, медоносни растенија и селидбено пчеларење.
Заболувањето на пчелите е инцидентно, но поради интензивното и нестручно лекување поголема е можноста за добивање мед со недозволени остстоци од хемиските средства.
Недостасува и поголема соработка меѓу пчеларите и земјоделците за тајмингот на третирање на растенијата и овоштарниците со пестициди.
Последици сѐ повеќе се е чувствуваат и од сѐ поголемото и сѐ по интензивно користењена средствата за сузбивање на пчелните болести кои ги загадуваат и нектарот и поленот.