fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Oва е грабеж, а не откуп – тутунарите со голем револт за откупните цени повикуваат на протест

-Одбитиците не се одбитоци, туку грабеж, се одбива по 10 проценти од килограм сув тутун, реагира Игор Мирчески. 

Голем е револтот на тутунарите со стартот на откупот на тутунот, бараат Министерството за земјоделие да ја земе работата во свои раце и лично министерот Хоџа да дојди во Прилеп на средба со тутунарите, во спротивно најавуваат протест. Незадоволството тутунарите јавно го искажуваат на Фејсбук групата „Македонски тутунари“.

-Иницијативниот одбор на Фејсбук групата „Македонски тутунари со над 3.000 членови,    бараме средба со министерот Хоџа, утре во Прилеп каде ќе се разговара за проблемите при откупот на тутунот. На средбата ќе му бидат врачени и барањата на тутунопроизводителите.  Доколку не не удостои со средба ќе повикаме на мирен протест, рече Игор Мирчески, тутунопроизводител од Прилепско и дел од Иницијативниот одбор.

Тутунарите велат дека тутунот се цени на трета и четврта класа што значи 150 до 60 денари, или во просек од 100 до 120 денари за килограм. Лани просек на државата беше 220 денари.

-Одбитиците не се одбитоци, туку грабеж, се одбива по 10 проценти од килограм сув тутун, реагира Мирчески.

На Фејсбук групата тутунарите отворено порачуваат да не се предава тутунот на откупните пунктови .

-Апелирам до сите тутунари сега кога гледате дека сите откупни центри  се со ист договор, иста цел во однос на откупот и нереална проценка на тутунот ,зошто му го носите тутунот? Па нека седат сами во пунктовите да почувствуваат дека работата која ја смислија и ја спроведуваат дека нема да му помине ! Мое мислење е тоа . Воздржете се од носење, има време за се!, пишува тутунар.

Друг тутунар се жали „Моментално сум на вага во Прилеп од просекот е под 100 денари.

Нема ни инспектори, ни здружението на тутунари, никој, пишува тутунар.

Друг тутунар пак направил пресметка.

-Минималната нето плата во Р. Македонија изнесува 15.000 ден. Бруто платата е 22.000 ден.

Еден тутунопроизводител во текот на годината може да произведе 400 кг тутун.

Ефективни работни се 8 месеци.

Ајде, господа политичари една мала пресметка.

Доколку тутунот се откупува по 150 денари, тогаш би било: 400 кг х 150 ден = 60.000 ден.

Плус државни субвенции 24.000 денари = 84.000 ден.

84.000 денари поделено само на 8 месеци добиваме 10.500 ден бруто плата.

„Зелена берза“ ве информира дека напорите да добиеме став од оние откупувачи кои во овој период ги имаат отворено вратите на своите откупни пунктови останаа без успех. Одговорните лица се зафатени на состанок беа само одговорите кои ги добивме. За повеќе информации за тоа какви се просечните откупни цени и зошто има толку големо незадоволство од ниските класи при проценката не замолија да почекаме по утрешната средба која е закажана во министерството за земјоделство. Во официјалната најава од министерството за земјоделство до медиумите стои дека утре ( петок ) ќе има средба министерот Аријанит Хоџа со претставниците на откупувачите и претставниците на тутунарите за состојбата со тутунот. Изјави за медиумите се предвидени, но пред почетокот на средбата.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close