fbpx
Вести

Пчеларството- хоби или бизнис?

Во 2015 година во Македонија имало 74.000 пчелни семејства, или нешто повеќе од претходната година што според некои светски стандарди и потенцијалот кои го има во земјава е под реалните можности. Пчеларите одговараат дека ја немаат потребната финансиска поддршка, имаат големи трошоци и тешко оди со продажбата, а тука е и конкуренцијата со поефтиниот фалсификуван мед.

pchelarstvoto hobi ili biznis

 

За речиси половина од пчеларите, упатените во овој бизнис, велат дека се занимаваат од хоби и имаат по неколку, односно од 5 до најмногу 30-тина кошници, а само 13 проценти од вкупниот број се комерционални производители со повеќе од 100 пчелни семејства.

Пчеларите хобисти, лани произвеле скоро 700 тони или просечно по 10  килограми мед по кошница што претставува мала продуктивност. Експертите сметаат дека со зголемувањето на малото и раситнето производство ќе има и поголема поддршка и подобар бизнис амбиент во оваа дејност во Македонија.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close