fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите предупредуваат дека и млеко и месо ќе има се помалку

Видео

Млекото 20-22 ден. се движи, нафтата е 90, едно сточно вреќуле стигна околу 500 денари од вреќуле. Значи, ние секој ден тониме. Ќе немаме ни млеко, ни ништо. Ѓубрето, 50 евра од вреќа, замина. Лани јас дадов околу 2.500 евра за ѓубре, годинава не ме покриваат ни 8.000 евра за ѓубре. По 30 литри нафта денот трошам….1000 денари на хектар ни даваат за житото, тоа е срамота“ – вели Валери Усеиновски, сточар од с. Граешница, битолско.

Сточарите се жалаат и на неисплатените субвенции за три месеци од 2020 и за цела 2021 година, за млекото, по хектар и по грло. „Пелагонија е втора житница на екс-ју просторите и срамота е ние да не можеме сами да се прехраниме и да просиме од комшиите“, велат сточарите и предупредуваат дека без помош и стратегија од државата, најлошото допрва не’ чека.

Таа 2.500 помош по хектар, тоа е ништо. Срамота. А за да имаме жито, спасот го бараме само во Владата и во МЗШВ. Јас одгледувам околу 15 грла, сам сум. Работам со 25 хектари површина и така да принуден сум, како што оди ситуацијата да се продадат и да се заврши. Со овие поскаувања да почнеме да обработуваме и да собереме храна, ќе ја осетиме ние кризата дури во август месец, а се уште имаме залиха од ланската реколта, по поевтини цени малку и некако ќе преживееме, а ќе ја осетиме кризата подоцна“, – објаснува Тони Петковски, земјоделец од с. Велушина – битолско.

Во меѓувреме, државата доцни и со повратот на ддв-то од 2 посто по литар предадено млеко што требало да се случи до крајот на календарската година.

Лани, откако направивме еден состанок пред УЈП, ги вратија за пет дена. Еве, чекавме годинава за да не правиме некој состанок, да не губиме денови ние, да штрајкуваме, уште парите од 2 посто не се легнати назад на кооперантите. Има многу сточен фонд намален, значи се уништи фондот, бидејќи малите фармери не се стимулирани во однос на големите фармери“, – посочи Борче Бучински, земјоделец од с. Могила.https://alfa.mk/pelagoniskite-stochari-predupreduvaat-deka-i-mleko-i-meso-ke-ima-se-pomalku/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close