Вести
Пчелите се пред изумирање
Голем број на видови на диви пчели, пеперутки и други разнесувачи на полен се пред изумирање, се тврди во најновиот извештај објавен од Организацијата на обединетите нации(ОН).
Досега се регистрирани повеќе од 20 илјади инсекти, кои што го разнесуваат поленот и на тој начин го овозможуваат размножувањето на најголемиот дел од растенијата на нашата планета. Пчелите се најбитни во овој сегмент и директно се одговорни за размножувањето на најголемиот дел од земјоделските производи, чија што вредност се мери во стотици милијарди долари годишно.
„Во моментов се наоѓаме во период на опаѓање, а тоа може да ни донесе сериозни последици во иднина“, изјави Сајмон Потс, директорот на центарот за земјоделско истражување на универзитетот во Рединг.
Околу 40% од познатите видови на диви пчели и пеперутки се пред исчезнување, а критична е состојбата и со останатите видови на инсекти, кои што заземаат битна улога во поленизацијата.