fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пченицата е новото „ЖОЛТО ЗЛАТО“- Цените на берзата продолжуваат да растат

Берзански индекси денеска се претежно во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата

Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата, објави Фактор.

Се очекува одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за каматните стапки, а многу високи функционери на банката претходно најавија дека каматните стапки најверојатно ќе се намалат за 25 базични поени, јави Танјуг.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.692,35 поени, британскиот FTSE 100 на 8.254,75 поени, францускиот CAC 40 на 8.039,61 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.203,0 поени.

Во текот на вчерашниот ден, брзите исто така беа во пораст, но кај нафтата имаше пад на цените, што не е случај со златото и пченицата.

Пченицата изминатиов период постојано поскаупва.

Нејзината цена се зголеми за 6,8387 долари за бушел (бушел изнесува 27,216 кг) на почетокот на неделата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close