fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пченицата и пченката поскапеа на светските берзи

Поттикнати од загриженоста на пазарот околу снабдувањето откако Русија го суспендираше учеството во договорот со кој се гарантира извозот на жито од регионот на Црното Море.

Договорот беше постигнат со посредство на ОН, при што претставници на Украина, Русија, Турција и на ОН се согласија Заеднички координативен центар да уреди пловидба на бродови со жито преку Црното Море и нивна верификација. Преку Договорот од јули од Украина беа изнесени повеќе од 9,5 милиони тони пченка, пченица, производи од сончоглед, јачмен, семе од репка и соја.

Москва во саботата го суспендираше учеството во Договорот поради, како што соопшти, украински напади со беспилотни летала врз руската флота на Крим.

Киев на тоа одговари дека Русија бара изговор да се повлече од Договорот, а Вашингтон дека Москва ја користи храната како оружје.

Светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина, бидејќи двете земји се меѓу најголемите светски снабдувачи на пченица.

Во утринското тргување со фјучерси на Берзата во Чикаго, цената на пченицата се зголеми за 5,7 проценти на 8,77 долари за три четвртини бушел (26,49 литри). Во март, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, цената на пченицата достигнаа рекордни 13,64 долари за бушел.

Цените на пченката утринава се зголемија за 2,6 отсто на 6,98 долари за четвртина бушел (8,75 литри), а сојата за 0,6 отсто на 14,09 долари за четвртина бушел.

Трговците со жито посочуваат дека инфлаторните промени во цената најмногу ќе зависат од развојот на ситуацијата.

Потегот на Русија ја доведе во прашање испораката на стотици илјади тони пченица за Африка и Блискиот Исток. Во прашање е доведен и извозот на украинска пченка за Европа.

Обединетите нации, Турција и Украина соопштија дека работат на договор за извоз на жито, според кој денеска би транзитирале 16 бродови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close