вестиЛов и риболов

„Пчиња“ со две планирани порибувања оваа година

Оваа година реката Пчиња два пати ќе биде порибена, информираат од Спортското риболовно друштво „Пчиња“.

Се планира порибување со 30 кг македонска пастрмка и 50 кг крап, со цел обновување на рибниот фонд.

pchinja so dve panirani poribuvanja ovaa godina

 

„Порибувањето ќе се изврши во текот на годината зависно од временските прилики и водостојот на реката. Најдобро е да се направи во пролет или во доцна есен затоа што водостојот е постојан, а ако се порибува во лето, водата е плитка и рибите можат да бидат уловени од рибокрадци“-вели Роберт Лазаревски, претседател на „Пчиња“.

Риболовците од ова друшто годинава ќе учествуваат на локални купови, државни првенства и балканско првенство во риболов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close