вести

Пекорино, пармезан и пршут наместо амброзија, вино и крафт пива наместо нектар

Најубавите кашкавали со најразлични вкусови, салами, пршути, пецива, тестенини, сосови, тиквички, модри патлиџани и јапонски јаболка во маслиново масло, рижото со шафран и со други најнеочекувани додатоци,…кој дошол на Тера Мадре со 50 килограми, си оди со 55, а оние од 100, тераат и до 150

Последниот ден на Тера Мадре, ден за шопинг на се што сте стасале да пробате и да не пробате, како обид да понесете со себе барем некое делче од сите вкусови и мириси што сте ги впиле на најголемиот саем за храна на светот во Торино.

Пекорино, пармезан, најубавите маслинови масла, шери домати, лазањи, пиви, тестенини со мастило од сипа и други „перверзии“, пршути, мортадели, колбаси со тартуфи, со триста марифети и состојки кои во овие комбинации никогаш не сте се ни сетиле да ги пробате.


 

plusinfo.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close