вести

Николовски: 10 милиони денари државна помош годинава за 13-те ЛАГ-ови

nikolovski

Доделени решенијата за 13 локални акциски групи односно лагови.

Ова се првите официјално регистрирани лагови во Македонија кој го започнуваат патот кон користење на европските фондови со кои ќе се подобрува севкупниот живот во руралните средини.

Од министерството најавија дека се работи активно на акредитацијата на лидер мерката за да може преку ИПАРД фондовите лаговите да конкурираат со проекти и да влечат европски пари која би требало да биде готово 2020 година.

Во Лаговите членуваат локални мештани, земјоделци, бизнисмени но и претставници од општината што го прави своевидно јавно приватно партнерство функционирањето на лаговите.

Мештаните самите си одлучуваат што им е нив приоритетно да се изгради во нивната средина, било да е улица, игралиште некој објект за подобрување на руралниот туризам, мерка за развој на земјоделство или слично.

Додека да почнат да течат европските пари за функционирањето на лаговите и за нивните првични проекти во буџетот се предвидени 10 милиони денари а по 2020 лаговите ќе имаат целосен пристап до европските пред пристапни пари преку ИПАРДОТ.

Крајната цел е целата територија на земјава да биде поделена територијално и покриена со лагови каде за тоа како ќе се употребат европските пари ќе одлучуваат единките кои живеат во руралните средини а не политичарите во нивно име.


 

канал5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close