fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Пензионерите наскоро со нов раст на пензиите

Ветените 2,500 денари зголемување на пензиите за сите пензионери како во септември, така и во март ќе се реализираат со законско решение.

Пензионерите наскоро со нов раст на пензиите. Ветените 2,500 денари зголемување на пензиите за сите пензионери како во септември, така и во март ќе се реализираат со законско решение.

Со законски измени кои се доставени веќе во Собранието се предлага нов, или втор раст на пензиите во износ од 2.500 денари од 1 март 2025 година.

– Во Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ја уредува методологијата на усогласување на пензијата. Член 18 став (3) ја става вон сила системската одредба од Законот во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. Во овој период пензиите се зголемуваат во фиксен износ од 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година – се наведува во предлог измените.

Во законот исто така е посочено дека и понатаму останува претходно донесеното решение за усогласување на пензијата, и тоа врз основа на формулата 50/50, односно според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија исто така во висина од 50 отсто.

Растот од 2,500 денари е вонреден раст, кој отстапува од ова правило. (Фактор.мк)

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close