fbpx
ВестиСовети

Пет правила за успешно одржување на тревникот во текот на есента

Во градината има работа во текот на целата година, но есенските работи се многу важни за подговеноста, состојбата и изгледот на нашата градина, во текот на следната вегетациона сезона. Декоративните растенија треба да се изрежат и испрскаат, а трајните да се подрежат и размножат. Во текот на октомври едногодишното цвеќе се заменува со садење на двегодишно. Но, тревникот е тој кој носи голем дел од убавината на секоја градина и во него треба да посветите посебно внимание, токму во есенските месеци.

  1. Наводнување

Грешката настанува кога настапува сувиот есенски период, кога постои можност за високи температури и кога доаѓа до сушење на земјиштето, а со самото тоа и до слабеење на кондицијата на тревникот. Тревникот мора да се наводнува и во текот на есента, секако со помала количина на вода, но барем еднаш неделно со околу 200 литри на 100 м², односно околу половина час по еден ар, кога се залева со црево.

  1. Косење

Доцното есенско косење на тревникот за добивање на уредени и ниско покосени тревни површини има за цел само визуелен ефект, но со тоа се нанесува голема штета на тревните растенија, затоа што на тој начин, неподготвени ги воведуваме во зимата.

Така соголениот тревник, подложен е на голомразица и набивање на земјиштето за време на поројни дождови, а претставува и совршен терен за насејување и буење на земските плевели. Правилно е, тревата последен пат да се искоси околу први октомври или малку подоцна и да и се дозволи да нарасти и да создаде изолационен слој од лисна маса како заштита.

  1. Ѓубрење

Прихранувањето на тревникот, не е еднолично во текот на целата година, ниту пак количината на потрошеното минерално ѓубриво е иста во текот на сезоната. Сакајќи да добиеме погуст тревник и модрозелена боја, користиме азотни ѓубрива како на пример Кан и слично, повеќепати во текот на годината, а понекогаш и многу доцна во есента.

Кан и останатите азотни ѓубрива, последен пат треба да се користат на почетокот на септември. Во средината на октомври, треба да се додадат минералните NPK ѓубрива 8-16-24, со малку азот, а повеќе калиум.

Овие ѓубрива, даваат инстант сила и буење и поттикнуваат раст на тревата. Тоа е поволно во текот на пролетта и летото, но во текот на доцната есен, ако Kan се додаде во октомври, испровоцираната трева доста калира во волумен, замрзнува или се соголуваат делови од тревникот. Правилно е Kanи останатите азотни ѓубрива, последен пат да се користат во почетокот на септември. Во средината на октомври, треба да се додадат минерални NPK ѓубрива 8-16-24, со малку азот и повеќе калиум и на тој начин да се поттикне развојот на коренот и тревата. На тој начин, тревникот, добро ќе презими и напролет добро ќе стартува.

  1. Сеење на тревата

Најповолен период за правење на нов тревник, секако е есенската сеидба. Првата половина на есента, температурно е најповолна за ртење на семето на тревата, а влагата во тој период е оптимална. Секако, потребно е додатно наводнување на новозасеаниот тревник. Должината на деновите е погодна за побавен раст и за постепено есенско појавување на тревата. Земјиштето, сеуште е доволно топло за развој на длабокиот коренов систем, што гарантира квалитетна и витална трева низ годините. Во овој период, мало е присуството на инвазивни плевели.

  1. Досејување на трева

Проретчените места или соголениот тревник, може да се дополни во текот на целата година, но најдобар резултат постигнуваме на есен. Треба да се покоси проретченото место на тревникот и да се отстрани сувата трева или мовта, доколку ја има. Потоа треба, да се посее семето на тревата и да прекрие рамномерно со слој од песок или компост, не повеќе од 1 см и добро да се залива во следните две недели. Не треба да се коси до пролетта.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close