fbpx
ВестиСовети

Петрохемија го претстави Калкулаторот на ѓубрење

Со користење на Калкулаторот на ѓубрење, на секој земјоделец информациите му се на дофат на рацете, достапни се брзо, а освен нив ќе добие и низа совети со неколку кликови на мобилниот телефон или компјутерот.

Значајна новина на Хрватската компанија „Петрохемија“ е неодамнешното претставување на Калкулаторот на ѓубрење, кој претставува прв модул на дигиталната платформа на еПетрохемија, со кој една од водечките фабрики за минерални ѓубрива во Хрватска, сака да се доближи до секој полјоделец.

ePetrokemija е дигитална платформа на нашата компанија, преку која на нашите купувачи им нудиме низа услуги кои ќе им користат при самото производство. Се движиме во чекор со развојот на дигиталното земјоделство и модерната технологија, кои станаа дел од секојдневието на земјоделските стопанства“, нагласи членот на ракводството на Петрохемија, Давор Жмегеч.

Зошто да користите Калкулатор за ѓубрење

Со користење на Калкулаторот на ѓубрење, на секој земјоделец информациите му се на дофат на рацете, достапни се брзо, а освен нив ќе добие и низа совети со неколку кликови на мобилниот телефон или компјутерот.

„Калкулаторот за ѓубрење служи за пресметување на потребните количини на ѓубриво, во едно растително производство. Засега, може да се користи за пресметување на минералното ѓубрење кај 20 култури, житни, овошни и зеленчукови“, објаснила Мирела Трдениќ од Петрохемија. Некои од нив се: пченица, пченка, јачмен, маслодајна репка, компир, домат, пиперка, лук, додека од овоштарските, помеѓу останатите може да се најдат јаболката, праската, виновата лоза, црешата.

Како да го користите Калкулаторот за ѓубрење

Првиот чекор, секако се состои во посета на веб страницата на Петрохемија https://petrokemija.hr/ или со инсталирање на мобилната апликација на ePetrokemija на Google Play или AppStore.

После преземањето на апликацијата, потребно е да го одберете видот на културата, а потоа културата, на пример пченица. Калкулаторот, тогаш го бара очекуваниот принос, колкава е обработливата површина и последното прашање е дали имате податоци за хемиската анализа на земјиштето. Во случај да немате хемиска анализа на земјиштето, апликацијата, автоматски ве насочува како можете да направите хемиска анализа на земјиштето во лабораторијата на Петрохемија. На крајот од сите прашања, притиснете пресметај и ќе добиете препорака за основното ѓубрење, претсеидбеното ѓубрење и прихраната.

Брзата и едноставна пресметка на ѓубрењето со помош на овој калкулатор, веќе е на располагање на секој земјоделец, порачуваат од Петрохемија и додаваат дека им е важна секоја комуникација со потрошувачите, како по пат на мобилни апликации, така и со едукација, презентација или саеми.

Модулот е развиен во соработка со компанијата Д.О.О Агриви и е прв во низата нови услуги кои ги подготвува Петрохемија, во состав на дигиталната платформа.

На следниот линк можете да дојдете директно до Калкулаторот на ѓубрење.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close