НЕОБИЧНО: Има диплома ама бирала нива, а не канцеларија

Кристина Пауновиќ од српскиот град, Чачак работниот ден го поминува на нива, и самата е свој газда, пренесува дневник.рс.

Овие денови има многу работа, затоа што зелката е готова, а пиперката е зрела за берба.

Таа на еден хектар површина произведува зелка, и очекува род од 12 вагони.

Четири од нив веќе ги испорачала.

Но, ова не би било чудно ако оваа девојка не беше економист со 28 години, а сепак е сериозен земјоделец.

„Немам намера да го напуштам селото, во селото е иднината“ – вели оваа девојка.

Додава дека однапред знае што да работи и колкава количина ќе произведе.

Единствен проблем за неа е старата механизација, кој е постара од неа. Има два стари трактори, но се надева дека за десет години ќе има нов.

 


 

faktor

Share Button