fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од прехранбената индустрија уверуваат дека има доволно масло за јадење и суровини

Сончогледот главно се увезува зашто сме мал производител, но добро се менаџира со залихите и набавката за наредниот период, велат од прилепската компанија „Витаминка“ кој со 60 отсто ги покрива домашните потреби.

Нема проблем со обезбедувањето суровини за еден од основните прехранбени артикли, маслото за јадење. Сончогледот главно се увезува зашто сме мал производител, но добро се менаџира со залихите и набавката за наредниот период, велат од прилепската компанија „Витаминка“ кој со 60 отсто ги покрива домашните потреби.

Според Љупчо Велески, менаџер за извоз, цената е според насоките на институциите.

-„Витаминка“ е доминантен производител на масло за јадење за домашниот пазар и со околу 60 проценти ги задоволува домашните потреби. Македонија има многу мало производство на сончоглед, па доминантно се снабдуваме од странство. Со оглед на новите мерки и ограничувањата, производството е за домашниот пазар. Во овој момент, во овие констелации, „Витаминка“ има доволно обезбедено базична суровина за производство на сончогледово масло за јадење, најмалку за наредните месеци и прави напори перманетно тој процес да се одржува. Цената е под контрола и е во склоп со препораките од институциите, вели Велески.

Што се однесува на извозот на другите производи, засега нема проблеми. Транспортот е непречен, но, разбирливо, поскап. Иако националните економии ги штитат домашните производи, извозот е перманентен поради стаблни договори и дисперзирање на пазарот.

-Кризата  во Украина се надоврза на кризата од пандемијата и во многу ја „здрма“ светската економија и имаше дискунтинуитет во глобалниот синџир на снабдување и на продажба. Сега уште во поголема мера се искомплицираа тие процеси. Процесите се отежнати, но извозот функционира. „Витаминка“  има континуиран извоз во 30-тина земји. Првиот квартал во годинава ни дава за право да се надеваме ќе продолжи растот на извозот. Побарувачката на странските пазари е стабилна. Но никој не може да предвиди што ќе се случи понатаму. Ќе биде многу тешко ако настане прекин на клучните суровини, цените на суровините и натаму растат, исто и на енергенсите. За нас како фирма поволно е тоа што имаме стабилни партнерски договори со најголемите трговски системи во Европа, имаме солидна диверзификација на производи и на пазари, не зависиме доминантно од еден пазар, туку пласманот ни е дисперзиран што ни дава некоја сигурност. Основните, базичните суровини и продукти се ставени под контрола на државните институции, и секоја земја која е производител согледува прво да ги намири сопствените потреби и да чува за одреден период. Дисбалансот е направен со кризата, тоа ќе ги зголемува цените, објасни Велески.

Се оценува дека во државава добро се менаџираат состојбите, особено со залихите.

-Кај нас мислам дека снабдувањето се менаџира многу квалитетно, имаме доволно залихи на клучните суровини за одреден временски период и за да ги задоволиме потребите на производството. Во континуитет се дополнуваат залихите, така што од тој аспект сме заштитени како компанија- производител, вели Љупчо Велески, менаџер во прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close