fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

600 денари за кг. тутун, тутунарите порачаа од трибината во Прилеп

Тутунарите бараат средба со откупувачите под медијаторство на МЗШВ

Сложни се тутунарите во барањето килогрома тутун од новата реколта да се откупува по 600 денари, ова е заклучокот од средбата на тутунарите денеска во Прилеп на иницијатива на здруженијата Национална земјоделска мрежа и Тутунска надеж.

Тутунарите се едногласни дека  треба да имаат средба со откупувачите под медијаторство на МЗШВ и дека заради целокупната економска состојба во државата, инфлацијата и трошоците тутунот не смее да биде под 600 денари за килограм.

-Доколку нема слух кај откупувачите за поткренување на цените Владата да го задолжи Тутунски комбинат Прилеп да изврши интервентен откуп на тутунот и на тој начин да ги принудиме приватните откупувачи да ги покачат цените на тутунот. Мислам дека ова „држи вода“ и ќе настојуваме да се реализира“, рече Васко Јосифовски, тутунар, основач на  Здружението Тутунска надеж.

Јосифовски вели дека решението е во брз откуп на тутунот и покачување на цените до прифатливи суми за тутунопроизводителите. Се друго е загуба и за тутунарите и за откупувачите и за државата.

-Не можеме да се согласиме да го дадеме тутуот по 5 евра за килограм, тоа  е економско неприфатливо“, рече Ѓорги Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Каракашев смета дека цената на килограм тутун треба да биде 600 денари за што вели дека ќе бараат медијатор меѓу тутунарите и откупувачите да биде Министерството за земјоделие.

-Нашата економска цена е 10 евра и нема да отстапиме од тоа, крај“, рече Каракашев.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close