fbpx
Вести

Планот за есенската сеидба во Кочанско реализиран со 94 отсто

Заврши сеидбата на есенските земјоделски култури во Кочанско, при што од планираните 6.420 хектари засеани се 94 отсто од површините. Околу три четвртини од засеаното е во иднивидуалниот сектор, а остатокот е на земјиште во сопственост на земјоделските претпријатија.

Житните култури се најзастапени во регионот, при што кај пченицата од првично планираните 3.025 хектари засеани се околу 2.850, а кај јачменот реализацијата е нешто подобра, односно седибата е завршена на близу три илјади хектари, што е 96 отсто од планот. Единствено кај р`жта, има целосно исполнување на планот, при што засеани се 80 хектари.

-На почетокот од сеидбата имаше мало задоцнување бидејќи земјоделците се соочија со подолг сушен период што ги попречи навремено и квалитетно да ја извршат подготовката на површините. Освен тоа, се чекаше и на прибирањето на главната земјоделска култура во регионот – оризот, по што поинтензивно започнаа сеидбените активности, за што помогна и периодот на врнежи во последните триесетина дена, истакна Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица за земјоделство во Кочани.

Планот за есенска сеидба целосно е исполнет кај градинарските и фуражните култури, кои годинава се застапени на 70, односно 130 хектари и сите се во индивидуалниот сектор.

Иако беше предвидено на површините на индивидуалните земјоделци да бидат застапени и околу пет хектари со афион, поради временските услови оптималниот рок за сеидба е пропуштен и планот не е реализиран.

 


 

a1on

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close