fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Платежната агенција денеска го објави повикот за поднесувања на барања за мерката 131 „ Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност“.

Бачовски-Новоформираните задруги може да поднесат барање за покривање на трошоци за закуп на простории и објекти за задругата, набавка на канцелариски материјални, компјутери, набавка на компјутерски софтвери за планирање, управување, следење или контрола на работењето на задругата.

Агенцијата за финансиска подддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска го објави повикот за поднесувања на барања за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност“. Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

На овој повик може да се пријават сите земјоделски задруги кои се регистрирани во регистарот на земјоделски задруги при МЗШВ, согласно законот за земјоделски задруги.

Средствата од оваа мерка се неповратен грант, истите може да се користат за основање и функционирање на нови земјоделски задруги,  како и за покривање на  основните трошоци за постојните задуги.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека :

„Новоформираните задруги може да поднесат барање за покривање на трошоци за закуп на простории и објекти за задругата, набавка на канцелариски материјални, компјутери, набавка на компјутерски софтвери за планирање, управување, следење или контрола на работењето на задругата. Согласно критериумите за оваа мерка,  новите и постојните задруги можат да аплицираат и за исплата на просечна плата за управителот на задругата, а задугите од голем обем може да добијат финансиска поддршка  за ангажирање на стручен работник од областа на земјоделството или ветеринарство. Според Правилникот за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност“, првата година се покриваат 100 % од прифатливите трошоци што задругата ги направила за исплата на плати со намалување од 20 % во секоја наредна година во период не подолг од пет години.“ – појаснува Бачовски.

Задругите кои ќе аплицираат за добивање на финансиска поддршка барањата  треба да ги достават во оригинал заедно со целокупната пропратна документација наведена во барањето за финансиска поддршка. Проектите се одобруваат по принципот прв дојден прв услужен.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Обрасците Барање за исплата“ заедно со листатат на потребни документи може да се симнат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 06/2021 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата  или предвремено отворање на барањето.

 

Краен рок за доставување на барање за исплата по овој јавен повик е 31 јули 2021 година.

Преку средствата од програмата за рурален развој го развиваме здружувањето и јакнењето на земјоделските задруги затоа што силата е во заедништвото. Клучот за опстанок на малите фарми, за раст и развој на руралните средини е во здружувањето и заедничкиот настап. Владата заедно со Агенција ќе продолжат и во иднина да креираат поволни мерки кои ќе помогнат за јакнење на капацитетите на здружувањето. Преку мерките за еконмско здружување во задруги, директно влијаеме и врз поквалитетно производство, посигурен пласман, профит и цената на домашно произведените земјоделски производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close