fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Платежната агенција потврдува – за прва и втора фаза се платени субвенциите за млекото

На сметките на 7.347 субјекти исплати 255,9 милиони денари за субвенции.

Официјално Платежната агенција потврди за Зелена берза дека со денешната исплата на субвенциите за млеко исплатени се прва и втора фаза од субвенциите. Значи три месеци од 2019 и 4 од 2020.

Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 7.347 субјекти исплати 255,9 милиони денари за субвенции.

Станува збор за исплата на фармерите кои произведуваат и предаваат овчо, козјо и кравјо млеко. Фармерите кои произведуваат и предаваат кравјо млеко добиваат поддршка од 3.5 денари по литар, додека сите кои произведуваат козјо и овчо млеко финансиската поддршка по литар предадено млеко е 4.5 денари по литар.

Со денешната транша ислатени се и средства за фармерите кои одгледуваат женски приплодни маторици. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по маторица и 1.100 денари по маторица за сите земјоделски стопанства кои во фармата имаат од 6 до 50 маторици.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека АФПЗРР, до денеска исплати близу 5,9 милјарди денари за субвенции, што е 84% од средствата предвидени по Програмата за финансиска поддршка во земјоделство. Досега исплатени се субвенциите за лозарство, овоштарство, сточарство, полједелство, тутун, пчеларство, мали земјоделски стопанства, индивидуални земјоделци и останати мерки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close