fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Платежната агенција повикува-Земјоделците корисници на субвенции да ги ажурираат промените во податоците

Земјоделските стопанства кои поднеле барање за финансиска поддршка во 2021 година, а од денот на поднесувањето на барањето, до сега, имаат промена во бројот на банкарска сметка, промена на адреса на живеење, или телефонски број за контакт, треба да извршат промена во електронскиот систем во кој е поднесено барањето.

Како што информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, лицата, потребно е да се логираат на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk во десниот горен агол да кликнат на иконката „директни плаќања е – барање“ . Откако ќе се отвори системот потребно е апликантот да се најави со корисничкото име и пасвордот кои ги користи при пријавување за користење на финансиска поддршка во земјоделството, односно субвенции.

Лицата кои имаат потреба од промена, односно ажурирање на податоци а им треба помош за да ги ажурирааат податоците во електронскиот систем, за помош може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од АФПЗРР апелираат до сите кои се корисници на финансиска поддршка во земјоделството, да направат увид во податоците кои ги имаат оставено со цел обезбедување на точни информации за исплата на средствата по Програма 2021.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close