вестиСовети

Ублажување на влијанието на високите температури во производството на млеко

kravi
Во наредниот период се очекува дека температурата ќе достигне вредности над 30 ° С, што за секое животно претставува исклучително голем стрес. Во периодот на лактација кравите и производство на млеко, стресот се манифестира преку намалување на потрошувачката на храна, поголема потреба за свежа вода за пиење, лоша кондиција и гоење и на крајот на пад на производството на млеко, кои во летните месеци може да се намали и до 50%.

Покрај високите температури е особено важно и негативното влијание на високата влажност. Мерењето на овие два параметри  и добиените податоци ние го нарекуваме Температурно хумиден индекс. Колку влажноста на воздухот влијае на производството на млеко може да се констатира од фактот дека на температурата од 28 ° C и влажноста 30% стоката нема некој поголем стрес, но на температурата од 30ºC и влажност од 85% се карактеризира како исклучително силен стрес на животните.

Ваквите високи температури во комбинација со висока влажност може да има и смртоносни последици, па затоа е исклучително важно сите овие неповолности да се сведат на минимум.

Што може да направи самиот одгледувач?

При изградба на нови објекти (штали) да се обрне посебено внимание на волуменот објекти и квалитетно изведба на природна вентилација.

За животните  да се обезбеди доволни количини на вода за пиење свежа и питка. Животните со ниско производство на млеко на температура од 15 º C трошат околу 60 литри вода на ден, додека животното кое произведува околу 35 литри млеко на ден и температура на воздухот од околу 30 ° C, потребно е и над 150 литри вода на ден. Животните кои не примаат доволно вода, консумираат помалку храна за 25-30%, што следствено води на помало производство на млеко.

Животните треба да бидат  заштитени од директните ефекти на сончевото зрачење односно треба на испустите да се изгради настрешница или да се посадат дрва.

Терањето на  кравите да се врши доцна навечер и во раните утрински часови кога температурите се пониски. Особено за време на големите жештини времетраењето на еструсот е пократко и често без видливи знаци.

Оброкот треба да го зголеми нивото на доза на енергија, со цел да се намали дефицитот на енергија предизвикана од намалената потрошувачка на храна.

Кравите да се  хранат во поладниот период во текот на денот (доцна во ноќта или во раните утрински часови) и да се пази да не заостанува стара храна која се расипува лесно, и животните не сакаат да ја јадат.

Треба да се води сметка шталата да не биде пренаполнета со животни.

Одржување на хигиената на  шталата, редовна промена на простилката како  и дезинфекција на објектот треба да го намали бројот на муви и комарци.

Поставување дополнителна вентилација во објектот (посебни вентилатори) и употребата на системите за ладење со ладна вода со помош на пумпи со висок притисок и дизни.

 

Андреа Соколовски, Советник за сточарство при АПРЗ

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close