fbpx
ВестиМакедонија

По неколку месеци пауза албанските државјани повторно доаѓаат на шопинг во Дебар

Граѓаните од соседна Албанија по неколку месеци пауза, повторно навалија на шопинг во Дебар, откако границите се отворени, и се патува без ПЦР тест.

Граѓаните од соседна Албанија по неколку месеци пауза, повторно навалија на шопинг во Дебар, откако границите се отворени, и се патува без ПЦР тест. Секојдневно доаѓаат во градот Дебар за да купуваат храна, облека, да посетат фризер, а најголема гужва има во сабота, кога е пазарен ден. Албанските државјани помагаат да се раздвижи локалната економија во Дебар.

„Тие се како „кислород“ за градот. Купуваат овошје, зеленчук, техника, гориво. Тоа се претежно жители  на градот Пешкопеја и околните села. Доаѓаат во Дебар затоа што е евтино, но и поради близината. Жителите на некои погранични села поминуваат неколку километри за да стигнат до Дебар, а да одат до најблискиот албански град треба да поминат 20 километри. Отсекогаш имало албански државјани кои доаѓаат да пазаруваат во Дебар, но последните 10 до 12 години тоа се интензивира“, вели Фисник Сарачи од регионалната занаетчиска комора во Дебар. 

Сопствениците на бутици велат дека во овој кризен период, муштериите од Албанија им помагаат да опстанат.

Доаѓаат многу луѓе од албанските села и нам многу ни значат. Да не се тие во овој тешок период, ние ќе затворевме. Дебар има повеќе бутици, така што купуваат гардероба, тука се облекуваат. Можат да плаќаат во денари, но и во леќи“, објаснуваат од бутик во Дебар.

Од друг бутик во градот велат дека веќе 5-6 месеци состојбата е стабилизирана.

„Задоволни сме, имаме работа откако се отворија границите. Доаѓаат луѓе од повеќе места во Албанија, има и од Тирана, се шетаат во градот, купуваат, одат на бања, во кафулиња, слаткарници. Ако не се тие, ќе седиме цел ден за џабе во дуќаните“, додаваат од друг бутик.

Стопанствениците од овој град велат дека 50 отсто од прометот го прават албанските државјани и благодарение на нив Дебар живее. Доколку не се тие, сметаат дека многу фирми ќе бидат затворени, а работниците отпуштени. Додаваат дека во Дебар бројот на жители се намалува, младите заминуваат и претежно се останати постари луѓе. Пролетта 2020 година беше тешка за Дебар, затоа што овој град стана жариште на коронавирусот и тоа се одрази на целокупното живеење. Бројката на потврдени случаи на коронавирусот во Дебар од почетокот на епидемијата се приближува кон 800.https://faktor.mk/po-nekolku-meseci-pauza-albanskite-drzavjani-povtorno-doagjaat-na-shoping-vo-debar

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close