fbpx
ВестиВиноМакедонијаТоп вести

Јавна расправа во собранието за состојбата на лозарите

Повисоки цени и сигурен откуп за винското грозје бараат лозарите кои очекуваат партнерски однос со винариите, а не нивно богатење на сметка на земјоделците. 

 

На јавната расправа  за состојбата на лозарите што се одржа во законодавниот дом беа присутни членовите на комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство , министерот за земјоделство и претставници на здруженијата на лозари од тиквешијата.

На расправата лозарите се пожалија на моменталната состојба во која се наоѓаат лозарите и побараа закон за грозје, како оној за тутунот.

-Сакам да изнајдеме договор и да не се влечкаме . Нас ни е потребно лозарите да бидат среќни. Јас како лозар производител сакам да сум среќен и кога одам да го дадам грозјето и да си земам пари, рече на расправата Трајче Кулев, претседател на Здружение „Напредни лозари“.

Лозарите истакнаа дека по сегашниве откупни цени не им се исплаќа на лозарите да произведуваат грозје.

-Денеска ги оставив аргатите на лозјето да берат грозје и им реков: колку ќе си соберат сето грозје да си го земат. Со 4-5-6 денари за кг  е неисплатливо да се работи грозје, рече Зоки Пешков лозаро производител.

Од Националната федерација на фармери  предлагаат  да се регулира целиот откуп на земјоделските производи вклучително и за грозјето во Законот за земјоделство и рурален развој.

– Бараме целосна измена и редефинирање на Член 16-б со кој се регулира откупот на грозје. Наши предлози се откупот на грозје да се изврши до крајот на декември за тековната берба во тековната година. Со цел навремена исплата на грозјето и почитување на договорното производство бараме исто како и кај Законот за тутун и во Законот за вино да се воведе банкарска гаранција .Шеќерните единици во грозјето да се одредуваат од страна на релевантни државни институции како што се Факултетот за земјоделски науки и храна, Институтот за земјоделство, бидејќи цената за винско грозје се одредува врз основа на шеќерни единици, посочи Васка Мојсовска претседател на НФФ.

Претседателот на комисијата Љупчо Димовски , кажа дека лозарите кои зависат само од тие примања, во моментов се на работ на егзистенција, а ресорниот министер Арјанит Хоџа ја обвини опозицијата за собирање политички поени на сметка на лозарите.

Министерот Хоџа посочи дека секој денар на лозарите ќе им биде исплатен.

-Сакам да посочам дека за време на така лоша година во пандемија со Ковид 19 лозарите нема да бидат оставени сами  и ќе ги добијат цената од претходните години, 4 ден по килограм предадено грозје за помалку од 18 шеќерни единици за производ од винско грозје и вински дестилат  што ќе бидат исплатени од Програмата Ковид19 во текот на оваа година, 2 денари по килограм грозје  за сите видови грозје  што ќе бидат исплатени исто така од Програмата Ковид 19.

П.Ј.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close