fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

По невремето во струмичко, формирана комисија за проценка на штетите во селата Муртино, Еднокуќево и Босилово

Според Костадинов од понеделник ќе се знае какви мерки ќе преземат.

Невремето со силен дожд, ветер и град вчера предизвика големи штети на земјоделските површини и пластениците во селата Муртино, Еднокуќево и Босилово.

Жителите велат дека најмногу штети има на пластениците, кои од силниот ветер се урнати, а поголема површина е поплавена.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој преку неговиот фејсбук профил информираше дека веднаш е формирана Комисија за проценка на штетите во селото Муртино и ги повика сите кои претрпеле штета од понеделник да ја пријават во Општината.

„Сега топката е кај Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно и гласно порачувам: не смеете да ги заборавите овие луѓе. Муртино не е политичка категорија – тоа се чесни луѓе кои живеат од својата земја. Бараме 100 отсто обесштетување. Сѐ помалку од тоа ќе биде навреда и омаловажување за секој што изгубил плод, имот или покрив над главата“, напиша Костадинов.

И градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, информираше дека штети се евидентирани во селата Еднокуќево и Босилово.

Според него, од понеделник ќе се знае какви мерки ќе преземат.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close