По седми пат фестивал младо вино на Tиквеш

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

po sedmi pat festival mlado vino na tikvesh

Многубројните љубители на виното имаа можност да присуствуваат на првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба, кое традиционално се одржува во винарската визба Тиквеш, во рамките на манифестацијата Фестивал на младо вино. Според познавачите на вино и посетителите на годинешниот Фестивал, првичните импресии од вината на Тиквеш се одлични и прогнозата е дека вината од оваа берба имаат голем потенцијал за пласман на домашниот, но и на најпребирливите странски пазари каде што владее исклучително остра конкуренција. На настанот присуствуваа многубројни амбасадори, луѓе од деловниот свет, вински познавачи, познати личности од уметноста и бројни љубители на вината на Тиквеш. Фестивалот на младо вино, кој годинава по седми пат последователно го организира Тиквеш, е прв и единствен од ваков вид во земјава. Како што наведуваат од компанијата, Фестивалот придонесува за креирање на домашната традиција за проценка на квалитетот на виното од тековната берба, за развојот на винската култура и за унапредување на репутацијата и на стандардите во домашната винска индустрија и на македонското врвно вино како автентичен бренд.