Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Земјоделци, искористете ја можноста која ја нуди државата за користење на земја до 3 хектари
Повеќе информации за јавните повици прочитајте на линкови внатре во оваа вест
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 04-ти август објави четири јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари на цела територија на Република Северна Македонија.
Предмет на јавните повици бр.01/21, 02/21 и 03/21 е слободно земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, а предмет на Јавниот повик бр.04/21 е давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има долгогодишен насад. Рокот за доставување на понуди е 30 (триесет) дена сметано од денот на објавата.
Почитувани земјоделци, искористете ја можноста која ја нуди државата за користење на земја до 3 хектари. Во интерес на сите е земјата да се обработува и да се зголеми домашното производство.
Повеќе информации за јавните повици прочитајте на следниве линкови:
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/21
ЈАВЕН ПОВИК бр.02/21
ЈАВЕН ПОВИК бр.03/21
ЈАВЕН ПОВИК бр.04/21
————-