fbpx
ВестиЛов и риболов

Почна издавањето на годишни дозволи за риболов во кумановско

Здружението на спортско- рекреативни риболовци „Пчиња“ започна со издавање на годишни дозволи за риболов за 2016-та година, информираа надлежните од здружението.

Дозволата се однесува за риболов на Пчиња по течението на потегот од границата со Србија до селата Студена Бара и Винце. За разлика од претходната година, информираа надлежните, цената на дозволите за различните категории риболовци е намалена за 10%.

pochna izdavanjeto na godishni dozvoli za ribolov vo kumanovsko

 

– Очекуваме да издадеме околу шестотини дозволи како и претходните години, изјави Роберт Лазаревски, претседател на ЗСРРК „Пчиња“ од Куманово.

Цената за дозволите во зависност од категориите се движи од 400 за највозрасните риболовци до 1.350 денари за сениорите. Пониски цени има и за студентите. Од здружението ги повикаа риболовците навремено да извадат дозволи.

Согласно годишниот план одобрен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, надлежните од ЗСРРК „Пчиња“ во тековната година ќе извршат две порибувања на Пчиња, со македонска пастрмка и крап во текот на пролетните и есенските месеци, зависно од водостојот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close