fbpx
ВестиТоп вести

Агриа – најголем производител на свинско месо во Македонија

 

„Агроиндустриската Групација – АГРИА“ е индустрија за производство на месо   која со досегашното работење се наметна на пазарот во Македонија задоволувајќи ги вкусовите и на најпребирливите потрошувачи. Нејзините почетоци како приватна фирма датираат од 2002 година. Во својот  сотав успешно функционираат свињарска фарма,  кланица со повеќе месарници ширум Македонија како и фабриката за сточна храна Овчеполка .

Свињарската фарма   во с.Долно Чичево општина Градско според локацијата и поставеноста  претставува една од стратешки лоцираните фарми и  заради тоа е вклучена во  во стратешките објекти во  Р Македонија за снабдување на свежо свинско месо  на македонскиот пазар.

 

Сопствен репроцентар за подобрување на генетскиот потенцијал кај свињите

Со капацитет од околу 30 000 гоеници она што ја прави посебна е постоењето на репро центар.

„Фармата располага со сопствено матично стадо  на родителска генерација, конкретно маторици, назимки и  нерези  од кои што произведуваме подмладок како за нашата фарма така и за  подмладок за развој  на останатите свињарски фарми  кои што се лоцирани во велешко , но и пошироко  така што на пазарот се појавува Агриа  како репро центар кој што ги снабдува македонските фармери  со квалитетен генетски материјал назимки од Ф1 генерација кои што имаат подобри генетски особини  и со генетски потенцијал  да произведуваат повеќе прасиња по легло од маторица мајка, што е целта на едно комерцијално  и конвенционално производство.  При изборот на генетиката изборот падна да се поврземе  со една од најдобрите светски компании, Dan Bred од Данска. Од таму доаѓа освежувањето накрвта за да не дојде до блиско крвно сродтсво“  изјави за Зелена берза техничкиот  директор  Виолета Бочварова дипломиран инжинер агроном во Агриа.

 

Паралено со изборот на генетиката многу се внимава на добиточната храна.Агриа соработува со компанијата за адитиви Vilofoss  од Данска која  изработува  комбинации од  витанмини и минерали  и други додатоци, за да може  да се искористи во целост  добиточната храна што се  подготвува   во објектите во Овчеполка.

 

Со помош на средства од ИПАРД програмата ,реновиран е еден од објектите и е опремен со најсовремена опрема заради достигнување на стандардите што важат во свињарството , а се во согласност на барањата за благосостојба на на животните како и за достигнување на повисока  биосигурност и заштита на животната средина.

Фармата е опремена и функционира по највисоки стандарди. Во асвојот состав има ветеринарна амбуланта  со соодветен песроснал која е дел од Ветеринарната комора на Македонија.

„Агриа поседува своја ветеринарна служба со  своја ветеринарна амбуланта, а квалитетот  на гоениците кои што доаѓаат во кланицата на линија на колење, е еден од најдобрите. Во  минатото функционираше  мерење на грбна сланина , но не се прифати во ЕУ како стандард, а  ние го имавме како кланица, и во моментов е само за наши приватни потреби.Имаме сопствена кланица со капацитет од околу 300 гоени свињи  во текот на една смена, а располагаме исто така и со линија  за колење на јунци, како и линија за колење на јагниња. Кланицата има своj број коj што е одобрен од Агенција за храна и ветерина  , за извоз во трети земји“, вели Бочварова.

 

Според обемот на производство Агриа  околу  30 %   го снабдува македонскиот пазар со свежо свинско месо, кое што  е присутно во Велес , Прилеп, Битола, во маркетите во Скопје. Располага  со десет објекти во малопродажна мрежа и два малопродажни објекти со скара на кило. Исто така во склоп на кланицата  функционира и  погон за преработка. Станува збор за претежно традиционални проиводи  чадени  колбаси , ребра, чадено месо. Исто така има  линија за пакување на плескавици  и ќебапчиња  како и вакуум пакирки.

 

Од Агриа велат дека не се плашат од конкуренција која продава месо со декларација и дека лојалноста на своите купувачи ја заслужиле со квалитетот на свежото месо . Потврдата за квалитетот доаѓа  од лабораториските анализи кои се прават во сопствената лабораторија.

 

Агриа соработува и со индивидуални производители, особено за јунци додека за свинско месо сите потреби ги задоволува од сопствено производство . Располага со два објекта  кои што се наоѓаат во три чешми  во близина на Штип и настојува брендот на Агриа да биде препознатлив не само за свинско туку и свежо јунешко месо.

Во фармите покрај биосигурностните мерки многу внимание се посветува на инвестирање во  најнови техники и технологии кои што една страна го олеснуваат  производството, меѓутоа придонесуваат за заштита на животната средина.

 

„Располагаме со специјално опремени возила за дотур на свежата роба опремени со термокинг,  со специјални возила за дотур на добиточна храна за да не дојде до дехомогенизирање, туку храната како што ќе се произведе така да стигне до самите објекти по сите стандарди и да има многу  помал  контакт со надворешната средина односно контаминација. Имаме целосно имплементиран ХАССАП систем во кланицата и фабриката за добиточна храна , додека во фармата работиме по  ИСОО9001/2000 кој подразбира добра производна хигиенска пракса во сите производни операции“, вели директорката Бочварова.

 

Групацијата Агриа има вработено 270 лица со годишен обрт од 10 милиони евра.За постигнатите резултати говорат и добиените бројни награди и признанија што ги красат административните простории на Агриа.

Овчеполка најголем производител на добиточна храна во земјата

Фабриката за добиточна храна Овчеполка е најголема во државата и целосно ги подмирува потребите  во фармите, вели Драган Богоевски, раководител на фабриката.

 

„Настојуваме од година во година  да дојдиме до некои 50% храна од сопствено произвидство  бидејќи сме големи производители на месо, ни треба многу повеќе земја за да ги задоволиме  комплетно потребите.

Со цел да одговорат на потребите на работењето пред три гопдини Агриа  склучи  договор со МЗШВ за користење на земјиште под концесија на околу 1000 хектари. На овие површини се одгледуваат јачмен, пченица, тритикале , пченка и сончоглед. Иако се чувствуваат климатските промени со избор на квалитетни сорти и добра земјоделска пракса  се надеваме на  повисоки приноси“, објаснува Богоевски .

 

„ Ставивме во функција земја која не беше работена меѓу 5 и 8 години ,беше подолг период необработена,а  сега е во добра кондиција. Со помош на наши партнери како Синпекс Битола   кој не опреми со агротехника се движиме во нагорна линија.Настојуваме комплетната понуда со јачмен  на пченица  од регионов па и пошироко  од Македонија да ја откупиме. Нашите капацитети максимално ги користиме  за да откупиме што е можно поголема количина на пазарот .Пченицата оваа година ја откупувавме  за цена помеѓу  8,5  и 9 ден/кг, но да напоменам дека таа е пченица за добиточна исхрана. Тоа  значидека таа е со послабв квалитет од пченицата за лебно зрно. Беше добра и примамлива понуда за земјоделците така што можам да кажам дека ја имаше истата цена со онаа на пченицата со подобар квалитет. Исто и јачменот имаше  добра цена за оваа година која исто така се движеше меѓу 8,5 и 9 ден зависно од квалитетот“, објаснува Богоевски.

 

Голем акцент се става на квалитетот бидејќи без квалитетна суровина  не можеш да добиеш квалитетен производ. Земјоделците се задоволни на  откупните цени,  од начинот и динамиката на исплата  што остава простор за долгорочна соеработка.

 

Договорно производство по однапред догоборени киоличини и цени

„Меѓусебна  доверба, разбирање и договор  меѓу производителот и откупувачот, по однапред договорени и стабилни откупни количини се идните планови,  така што ќе настојуваме  наредните години да договараме површини и сорти кои ќе се одгледуваат , а ќе одговараат на потребите на Овчеполка ина Агриа“ велат од таму.

Промена во земјоделската политика , правилна распределба на земјиштето  и многу работа се императив за намалување на зависноста од увоз на храна во државата. Од Овчеполка сметаат дека во иднина треба да се направат промени и во политиката на субвенционирање, сметаат дека се поставени во незавидна положба во однос на помалите производители на житарици што има негативен ефект врз развојот на земјоделието.

„И покрај тоа што сме хендикеприани на тие 1000 ха што ги работиме , ние работиме максимално професионално   со нашиот стручен тим и нашите вработени. Со механизацијата со која располагаме , секој ден се развиваме, купуваме нешто ново, сакаме да користиме техника која е соодветна   за овој милениум , а не застарена од претходниот и мораме да се поместиме од точката дека Македонија во просек може да добие  јачмен 3 т, пченица 4 тона по ха. Мораме да одиме напред, да кажеме дека во наредните 10 години ќе го зголемиме просекот  за тон, тон ипол по хектар,  тоа е одговорот на развојот. А да се држиме до просекс кој е востановен  од  пред 50 години и сега по 60 години да биде истиот просек за родност, со една ваква агротехника  и современи механизции, технологија и се’  е неправилно . Тоа треба да го преземат прво   стручните и научниинситутции,  да се погрижат земјоделците да се едуцираат  и да им се даде поддршка.

Без здрава храна нема здраво население

Агриа се труди да направи педолошпка анализа на почвата  пред секоја сеидба да се знае  што треба да се аплицира. Тоа без некоја поддршка од институциите е многу тешко, тоа скенирање на почвата од каков квалитет  е, што содржи, какви ѓубрива треба да се користат, кои количини треба да се користат, кои сорти успеваат во Македониоја, кои не успеваат, па се до функционирањето на системите за наводнување  оти најголемите системи за наводнување се во некоја состојба која никој неможе да ја разбере. Има буџет нема буџет, функционира не функционира, застарен не се обновува. Ние сме на хартија корисници на  земјиште целосно под систем за анводнување, но во реалноста системот за наводнување функционира на неки 100 ха  и тоа не секогаш“, посочува Богоевски.

За да се продолжи по нагорна линија и да се постигне успех кој ќе придонесе во налаување на зависноста од увоз на суровини, потребно е постојано обновување на опремата со нова посовремена за што е потребна поддршка од државните институции. Во Овчеполка се прават сите анализи на храната во сопствена лабораторија, а шпонатаму се потврдуваат во соодветни институции.

Треба да се потенцира дека  без здрава храна нема здраво население, а тоа може да се постигне само со соодветна квалитетна контрола, го заврши разговорот Богоевски со Зелена берза.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close