fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Почна сеидбата на оризот во Кочанско

Полето се полни со вода

Почна сеидбата на оризот. Полето од денес се полни со вода како подготовка за сеидба на кочанското бело злато. И покрај проблемите на кои се жалат земјоделците, годинава се најавува зголемување на површините под оваа култура.

Од Водостопанство велат дека каналите се исчистени, вода има доволно и за разлика од лани нема да има рестрикции. Од денес се најавува и нова мерка за субвенционирање на комбајни за сецкање на остатоците по жетва со што би се намалило  палењето на стрништата.

Земјоделците од кочанско од денес пак се на нивите. Кочанско поле почна да се полни со вода. Во тек се последните подготовки за сеидба на оризот. Годинава ќе се сее на 400 ха повеќе од лани, кога поради суштата имаше воведено и рестрикции.

Од Водстостпанство велат дека каналите се чистат и останал мал дел за санација на десниот магистрален канал. Но голем дел од системот и понатаму останува руниран.

За оризопрозодителите лани беше една од најтешките години. Цената се симна на најниско ниво, а тие неколкупати организираа и протести.

Од денеска земјоделците, преку Платежната агенција, ќе може да аплицираат и за  субвенции за нови комбајни со сечкалки на сламата со што треба да се намали количината што останува на нивите. Очекувањата се дека така земјоделците ќе се откажат од традицијата на палење стрништа. Можноста за аплицирање е отворена до 15-ти Мај, а ќе може да се пријават земјоделци кои имаат над 1ха. https://www.24.mk/details/pochna-seidbata-na-orizot-vo-kochansko

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close