Почна жетвата на јачмен и пченица во Градско

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2017)

Агрокомбинатот „Вардар“ во Градско ја почна жетвата на јачменот.

pochna zhetvata na jachmen i pchenica vo gradsko

 

Околу илјада хектари површина се засеани со јачмен и пченица, а прва ќе заврши жетвата на јачменот. Вообичаено, во регионот на Градско, најпрво во Македонија започнува оваа земјоделска работа, оти територијата е со високи температури и ниски количества на врнежи.

Половината од собраниот јачмен и пченица ќе се користат за сточна храна, а половина ќе се продава на мелничката индустрија.