fbpx
Вести

Обуки за примена на постапката за окрупнување на земјоделското земјиште

Триесетина претставници на различни сектори и подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), како и советници од Националната агенција за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) ќе бидат обучени за примена на постапката за избор на области за консолидација на земјоделско земјиште.

По обуката, што започна вчера во МЗШВ, учесниците ќе имаат поголемо разбирање како да ги идентификуваат потенцијалните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со локалните земјопоседници и земјоделски заедници во процесот на изразување интерес за локални проекти за консолидација на земјиште.

Обуката „Како да се идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште” е прва од планираните со проектот „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште – Мејнленд“ што го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО), со финансии од Европската Унија.

Обуки за консолидација на земјоделското земјиште се најавени и за 27 и 30 октомври во Прилеп и во Штип за подрачните единици на МЗШВ и советниците од АПРЗ во соодветните региони.

Обучените вработени во МЗШВ и АПРЗ ќе бидат вклучени во кампања за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште која ќе се спроведува следниот месец.

Проектот „Мејнленд“ почна во март годинава, а ќе се спроведува до август 2020 година. Главната цел е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close