fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Почнува Богородичниот пост, најстрогиот во годината!

Богородичниот пост е построг од Божиќните и Апостолските, па затоа православните христијани поради големата почит кон Пресвета Богородица го постат овој пост како и големиот Велигден.

Постот започнува денеска и трае 14 дена, се пости на вода и масло, освен празникот Преображение на 19 август, кога е дозволено да се јаде риба. Тој му претходи на празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, кој се празнува на 28 август и е познат како празник на мајките и децата, кога треба да се причестат жените.

Она што дури ни многумина верници не го знаат е дека Богородичниот пост е построг од Божиќните и Апостолските, па затоа православните христијани поради големата почит кон Пресвета Богородица го постат овој пост како и големиот Велигден.

Постот е посветен на Богородица, а се верува дека е особено важен за жените и мајките, нивниот мир и радост и заедништво на празникот Богородица, празник посветен на мајките и децата. Тоа е поврзано со босилек, божјото растение.

Сите обичаи за овој ден се поврзани со водата и босилекот. Затоа, според народното верување, утре во садот треба да ставите малку босилек и да му го послужите на семејството. Се верува дека на тој начин Света Богородица штити од злото.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close