
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Почнува светиот месец Рамазан
Првиот ден на постот ќе започне на 1 март (сабота). На сите верници им посакуваме добро здравје, и прифатени пости од Севишниот Аллах
Утре почнува на светиот месец Рамазан, за верниците од муслиманска вероисповед. Ова е месец кога верниците се повикуваат на молитви, предавања, како и на донирањето средства и прехранбени артикли, кои ќе бидат наменети за семејствата во социјален ризик.
Првиот ден на постот ќе започне на 1 март (сабота). На сите верници им посакуваме добро здравје, и прифатени пости од Севишниот Аллах. По едномесечниот пост, првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е на 30 март. Овој голем муслимански празник се слави три дена.
Нека ви е честит и мубарек месец Рамазан.