fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски – Откупот на тутунот тече во најдобар ред

Оваа година постигнуваме рекордно највисока откупна цена на тутунот, 261 денар по килограм.

Драго ми е што со гордост можам да кажам дека откупот на тутунот тече во најдобар ред, и дека оваа година постигнуваме рекордно највисока откупна цена на тутунот, 261 денар по килограм.
Склучени се вкупно 29.653 договори за производство на тутун, што е за 7% повеќе од лани.
Зголемување имаме и на површините за тутун за 14% споредбено со лани.
Оваа година согласно договореното производство очекуваме да се откупат 25.850 тони што претставува зголемување за околу 30% во однос на реализираниот откуп минатата реколта.
Токму сите овие факти се мотив да продолжиме да се грижиме за понатамошен развој на производството на тутун, заеднички да носиме одлуки и да сведочиме на ваков успех каков што имаме денес, објави министерот Љупчо Николовски на фејсбук по денешната посета на прилепските новинари.
Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close