fbpx
Вести

Почна аплицирањето за субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2017 година

subvencii

“Од денеска земјоделците ќе можат да аплицираат за субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2017 година“, информира министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој создадени се услови за да отпочне процесот за апликација за директна финансиска поддршка за 2017 година. Рокот за поднесувања на барањата за директни плаќања за 2017 година ќе трае до 15 септември годинава. Земјоделците можат сами да поднесат барање за директни плаќања преку Е-Барање кое е поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Ги решивме проблемите со софтверот за аплицирање и ги повикувам земјоделците да конкурираат за добивање на субвенции за годинешното земјоделско производство. Апелирам до земјоделците,  да го испочитуваат рокот за аплицирање, за да може поднесените барања навреме да се обработат и субвенциите да се исплатат согласно предвидениот распоред во текот на годината кој е усогласен со типот на земјоделското производство, како што и најави нашата реформска Влада“, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Оние земјоделци кои не се во можност сами да си креираат барање, најдоцна до 30 Август годинава треба да побараат техничка поддршка од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за да можат да го запазат рокот за аплицирање. За помош околу аплицирањето земјоделците можат да ги користат и услугите на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.Барањето се поднесува по електронски пат без доставување на документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Постапката за поднесување барање за директни плаќања е иста како и претходната година.


 

федерација на фармери

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close