По првите пет потпишани договори со фирми за инвестиции во преработка на земјоделски производи, на ред дојдоа и 690 земјоделски производители кои побарале кофинансирање на трактори и механизација. Вкупните средства за нивната поддршка се скоро 6 милиони евра…
По една инвестицијата за нова производствена линија за замрзнување на овошје и зеленчук и четири склучени договори за преработка на земјоделски производи, преку ИПАРД 2 програмата и 690 земјоделци со кофинансирање ќе набавуваат трактори во вредност од 6 милиони евра.
На јавниот оглас најголем интерес имало за набавка на трактори, но и за приклучна механизација и за системите капка по капка.
Најголемиот дел од апликациите за ИПАРД 2 се од Пелагонискиот, а најмалку заинтересирани за користење на помошта биле земјоделците од Полошкиот регион.
На првиот јавен повик од ИПАРД кој беше објавен лани, пристиганти беа 1.600 барања, за вкупна финансиска поддршка од скоро 73 милиони евра.
Европските пари од ИПАРД 2 може да се користи до 2023 година во вредност од 80 милиони евра, од кои 60 милиони се од предпристапните фондови, а другите од националниот буџет.